Samsung би можел да го изненади пазарот на преклопни телефони со лансирање на поевтина верзија на Galaxy Z Fold6 што би можел да чини помалку од 800 долари
Веќе подолго време кружат гласини дека Samsung ќе го промени пазарот на флексибилни телефони ова лето со лансирање на поевтина верзија на Galaxy Z Fold6, кој наводно би чинел под 800 долари. Иако тоа „под“ не е многу помалку, бидејќи тврдат дека ќе чини 799 долари, тоа е помалку од половина од почетната цена на постариот, Galaxy Z Fold5 модел.
Исто така, тоа би требало да биде препорачана цена на јужнокорејската компанија, што значи дека продавачите можат да ја зголемат и дека во зависност од пазарот може да варира, читајте: да расте цената. И покрај тоа, за преклопен телефон од типот на Fold, односно оној чиј екран се преклопува како книга, оваа цена звучи неверојатно,.
Вака достапен флексибилен телефон би можел да го однесе пазарот на ново ниво кога станува збор за продажбата. Сепак, токму поради неверојатно ниската наводна цена, оваа информација се уште е на ниво на гласина од Јужна Кореја.
Сепак, иако инсајдерите повеќе грешат, тие често се и во право и токму ова го подига нивото на возбуда кај публиката. Освен цената, истиот извор тврди и дека поевтиниот Galaxy Z Fold6 ќе има слични камери како Fold5, бидејќи тие не се толку скапи за производство, додека Samsung наводно ќе ги користи истите снабдувачи.
Како поткрепа на фактот дека Samsung навистина ќе лансира достапен смартфон на преклоп, тука е и фактот дека кинескиот Huawei почнува сериозно да се натпреварува со Samsung во глобалниот пазарен удел на флексибилни уреди, па поевтиниот Galaxy Z Fold6 би можел да биде одговор на експанзијата на Huawei, што секако е добро за пазарот.