Samsung го продолжува трендот на поголеми екрани на својот компактен флегшип смартфон. Според новите информации, претстојниот Galaxy S25 ќе има екран со дијагонала од 6,36 инчи.
Во споредба со минатогодишниот Galaxy S23, неодамна претставениот Galaxy S24 има малку поголем дисплеј од 6,2 инчи. Иако оваа разлика на почетокот не може да се види, ниту да се почувствува, се чини дека Samsung ќе го продолжи трендот на зголемување на својот компактен флегшип модел.
Имено, според информациите до кои дојде корејскиот блогер Naver од наводно сигурни извори, претстојниот Galaxy S25 ќе има екран од 6,36 инчи. Иако се уште е релативно компактна дијагонала за денешните стандарди, тоа значи дека екранот на основниот модел од серијата Galaxy S ќе порасне за 0,26 инчи за три генерации.
Доколку оваа информација се покаже како точна, тоа би значело дека Galaxy S25 ќе има дисплеј до иста големина како и Xiaomi 14. Интересно е да се истакне дека веќе некое време се шпекулира дека Apple подготвува 6.3 -инчен екран за iPhone 16 Pro.
Меѓу другите спецификации, се шпекулира дека целата Galaxy S25 серија ќе користи Exynos 2500 чип во сите региони. Капацитетот на батеријата не треба да се менува, а главниот сензор за слика ISOCELL GN3 ќе остане ист со 50 мегапиксели на Galaxy S25 и S25+, пишува GSM Arena.