На голем медиумски настан во Кина, Honor претстави два нови смартфони, а тоа се Porsche Design Magic6 RSR и Magic6 Ultimate.
RSR е новиот флегшип, доаѓа со хексагонален модул за камера и е развиен во соработка со реномираната дизајнерска куќа Porsche Design. Заедно со него пристигна и моделот Magic6 Ultimate, кој е инспириран од Porsche, но има различен дизајн на задниот панел и користи композитни влакна.
Двата телефони добиваат подобрен H9800 сензор за главната камера, кој ја задржува резолуцијата од 50 MP, но ветува подобрен динамички опсег од 15 EV. Од Honor тврдат и дека автофокусот е подобрен за побрзо и попрецизно „заклучување“ на фокусот.

Honor Magic6 RSR Porsche Design
Porsche Design Honor Magic6 RSR има и нов двослоен OLED тандем дисплеј дизајниран да го продолжи животниот век на екранот до 600 проценти, а намалувањето на деградацијата на екранот би требало да се намали на помалку од 1 процент по три години користење.
Honor Magic6 RSR доаѓа во Frozen Berry, што звучи познато бидејќи тоа е бојата на Taycan на Porsche, а исто така е достапен во Agate Grey, класична боја што се користи за генерациите тркачки верзии на Porsche 911. Honor користеше JuRhino Glass за заштита на екранот и задниот панел.
Honor Magic6 Ultimate во суштина е истиот телефон како верзијата RSR, но доаѓа во поскромно пакување и со малку поинаков заден панел.

Honor Magic6 Ultimate
Magic6 RSR може да се нарача во Кина со 24 GB RAM и 1 TB простор за складирање, што е најмногу во историјата на мобилните телефони на Honor. Неговата цена достигнува речиси 1.400 долари, што значи дека е многу поскап од кој било друг стандарден Magic Pro модел. На пример, верзијата со 16 GB RAM и 1 TB простор за складирање чини околу 930 долари. Продажбата на моделите RSR надвор од Кина ќе започне во вториот квартал од годината.
Magic6 Ultimate е малку подостаен, доаѓа во црна и виолетова боја и чини 970 долари во конфигурацијата од 16/512 GB или 1.100 долари за верзијата со 16 GB RAM и 1 TB внатрешна меморија.
Компанијата го претстави и својот лаптоп MagicBook Pro 16 со Core Ultra 7 155H процесор и Nvidia 4060 графика, а продажбата ќе почне во вториот квартал од годината.

