Иако беше најавенa за март 2024 година, интеграцијата на Adobe Acrobat е одложена за средината на годината, додека тековниот механизам за прикажување на PDF фајлови во Edge нема да биде изгасен до почетокот на 2025 година
Microsoft Edge во текот на овој месец требаше да го повлече стариот механизам за прикажување PDF документи, а Adobe Acrobat требаше да пристигне како понапредна замена. Сепак, ажурираната објава донесува информации за доцнењето на оваа промена:
„Датумот на комерцијално претставување за вградување на Adobe Acrobat PDF механизмот во PDF читачот вграден во Microsoft Edge е одложен до средината на летото. Датумот на отстранување за актуелниот PDF-читач вграден во Microsoft Edge ќе биде одложен најдоцна до почетокот на 2025 година“.
Кога ќе пристигне ажурирањето, ќе донесе подобро прикажување на документи, побрзи перформанси, подобрени безбедносни карактеристики и повеќе функции за пристапност, вклучувајќи и читање на глас за корисниците на Windows 10 и 11.
Сепак, дури и по јуни оваа година, корисниците кои го претпочитаат наследедениот механизам можат да продолжат да го користат до почетокот на 2025 година.