Компанијата HMD во текот на Мобилниот конгрес минатиот месец во Барселона најави нов телефон на Nokia кој пристигнува во мај, а новата објава на социјалната мрежа X дава идеја за тоа што да очекуваме.
Објавата има илустрација и линк до страницата што сугерира дека станува збор за роденден, а самиот пост е објавен на 18 март, 25-тиот роденден на Nokia 3210.
Легендарниот мобилен телефон направи место за Nokia 3310, кој стана легенда во индустријата за мобилни телефони. Nokia 3210 ја донесе играта „Snake“, променливи панели, вграден композитор на тонови, како и дизајн без антена, а Nokia 3310 го доби сето тоа.
An icon returns this May. #Nokiaphones
Be first to hear more: https://t.co/2P7IwyjzpA pic.twitter.com/lIRBu9YF7v
— HMD (@HMDdevices) March 18, 2024
HMD најверојатно ќе понуди повеќе индиции во наредниот период, кои ќе ја потврдат или демантираат популарната теорија.