На YouTube каналот PBKreviews се појави тест за издржливост на неодамна претставениот Phone (2а). И покрај понискиот квалитет на изработка, тој го помина тестот без проблеми
Nothing неодамна го прошири своето портфолио на производи со моделот Phone (2а), телефон кој за предложена малопродажна цена од 329 евра нуди препознатливиот дизајн на компанијата со проѕирен заден дел и LED диоди кои светат во различни ситуации.
Бидејќи се работи за најслабиот и најевтин модел во понудата, тоа секако се одрази и на квалитетот на изработка. Имено, додека Phone (1) и Phone (2) имаат алуминиумска рамка и Gorilla Glass заштита на предната и задната страна, тоа не е случај со Phone (2a), кој има пластичен заден панел направен од остатоците од безжичните слушалки на компанијата.
Но, и покрај ова, Phone (2а) се покажа како исклучително издржлив. Според ригорозниот тест објавен од YouTube каналот PBKreviews, телефонот ќе преживее неколку последователни падови на бетон, што е вистинско олеснување за оние со несмасни раце.
Како што може да се види на видеото, немаше пукнатини, а гребнатини беа видливи само на алуминиумската рамка. Поради оваа причина, PBKreviews ја даде чиста петка на овој уред за издржливоста.