Пред извесно време се појавија некои најави за можна замена на познатиот Apple ID со Apple Account во софтверските платформи на компанијата. Сега податоците ги потврдува и Bloomberg.
Новите информации сугерираат дека промената ќе започне подоцна годинава со воведување на iOS 18 и watchOS 11. Во меѓувреме, Apple сега ги означува средствата додадени на Apple ID како салдо на Apple Account.
Покрај тоа, има и нов тим во компанијата, Apple Account. Промената ќе означи значаен чекор за компанијата, која две децении го користи терминот Apple ID, а сасега не e јасно зошто Apple се одлучил на овој чекор.
Apple се очекува да го презентира iOS 18 и другите нови софтверски производи на својата WWDC конференција за програмери во јуни.