Да зборуваме за предизвиците со кој се соочуваме како претприемачи на мали бизниси и да понудиме дигитални решенија кои се покажале како добри практики за како да ги надминеме истите.
Настанот „Industry Insights: Дигитален маркетинг и мали бизниси“ ќе се одржи на 28-ми март 2024 година (четврток), во просториите на Стартап Клуб Скопје (кај “Среќа Бар”) со почеток од 19:00 часот (линк за пријавување за присуство).
Организатор на настанот е едукативниот центар Creative Hub Macedonia заедно со студенти од Академијата за Дигитален Маркетинг.
На настанот ќе говорат тројца говорници, кои што пред присутните ќе споделат важни совети и вредни информации за успешен развој на вашата кариера во дигиталниот свет, како и за развој на вашите сопствени бизниси.
Говорници на настанот ќе бидат:
Сара Гаврилова – основач на MakeupbySaraG, алумни на Академија за Дигитален Маркетинг.
Даријан Трајанов – експерт за промоција на здравјето и специјалист за дигитален и содржински маркетинг.
Елма Хоџа Курт – основач на Nail Studio Allura, студент на Академија за Дигитален Маркетинг.
На настанот се поканети да присуствуваат сите претприемачи, сопственици на мали бизниси и дигитален маркетинг ентузијасти кои сакаат да напредуваат, но и оние кои допрва навлегуваат во овие води. Присуството е бесплатно, но поради логистички причини потребна е претходна регистрација која може да се изврши на следниот ЛИНК.
За повеќе информации или прашања, контактирајте не на contact@creativehub.mk