На научниците во Велика Британија им се одобрени 1,7 милиони фунти за развој на вакцина против рак на белите дробови.
Вакцината наречена „LungVax“ ќе биде првата вакцина во светот против рак на белите дробови кај луѓето кои се изложени на ризик да го развијат.
Технологијата за новата вакцина ќе биде слична на онаа што се користи за развој на вакцината против коронавирус на Оксфорд/АстраЗенека.
„Ракот е болест на нашите тела и на имунолошкиот систем му е тешко да направи разлика помеѓу нормалното и канцерот“, вели професорот Тим Елиот, водечки истражувач за развој на вакцината.
Да се натера имунолошкиот систем да го препознае и нападне ракот е еден од најголемите предизвици во истражувањето на ракот денес.
„Ако успееме да го повториме видот на успех забележан во испитувањата во текот на пандемијата, би можеле да спасиме десетици илјади животи секоја година само во Велика Британија“, додаде Елиот.
Тим од универзитетски научници ќе добијат средства во следните две години за извршување на лабораториски работи и производство на 3.000 дози од вакцината.