Италијанската агенција за заштита на конкуренцијата објави дека започнала истрага за да утврди дали дигиталната платформа Booking.com ја злоупотребува доминантната позиција на пазарот за хотелско сместување.
Италијанскиот регулатор се сомнева дека веб-страницата „со преферирани партнерства со некои хотели веројатно го попречува ефективното натпреварување на пазарот за онлајн продажба и услуги за хотелско сместување и резервирање, барем во Италија“.
Таквата стратегија им пречи на други онлајн патнички агенти, со негативно влијание за сместувачките капацитети и за потрошувачите кои се изложени на повисоки цени и ограничен избор, се наведува во соопштението на регулаторот.
Даночната полиција Guardia di Finanza ги пребарала италијанските канцеларии на Booking, a oвој потег ја нагласува важностa за зачувување на фер конкуренцијата на пазарот за да се осигури потрошувачите да имаат пристап до разновидни опции за сместување по фер цени.