Google знае многу за вас – за среќа, постои лесен начин да ги избришете тие податоци.
„Кога користите сајтови, апликации и услуги на Google, дел од вашата активност ќе биде зачувана во вашата сметка на Google“, објасни Google.
„Ова може да го најдете и избришете во делот My Activity, а за повеќето работи можете да го исклучите зачувувањето на активности во секое време“, се додава на блогот на компанијата.
Бришење поединечни активности
Веројатно е најлесно да го избришете поединечно она што не сакате да биде запишано во вашата историја на активности.
Тоа може да биде едно пребарување што сте го направиле, или локација што сте ја посетиле, во секој случај механизмот е ист.
Сè што треба да направите е да отворите: myactivity.google.com. Оттаму, скролајте надолу додека не ја пронајдете активноста што сакате да ја избришете, а потоа само отстранете ја.
„Нуклеарна опција“
Ако се одлучите за „нуклеарна опција“, односно бришење на целата историја на активности, можете да го направите тоа.
Неопходно е да изберете Delete и потоа „All Time“ во горниот дел од екранот, над вашите активности.
Од таму, изберете Next>Delete и ќе избришете сè што Google памети за вашите активности.
Автоматско бришење
Можете исто така да поставите Google автоматски да брише некои од информациите за вас. На Android, отворете Settings, а потоа Google > Manage Google Account > Data & Privacy -> History Settings.
Таму, пронајдете ја активноста што ја сакате, потоа Auto-Delete, изберете временска рамка и само потврдете.
Ако користите iPhone, ова ќе го најдете во апликацијата Gmail, а на компјутер, ќе треба да отворите сметка на Google преку вашиот веб-прелистувач.