Доколку сте меѓу сопствениците на некои од актуелните смартфони на OnePlus, OPPO, Realme и Xiaomi, наскоро можете да добиете нова и корисна функционалност. Станува збор за интегрирање на Google Photos во галериите на телефоните на соодветните компании.
Базирана на OxygenOS 14/ColorOS 14, апликацијата Photos во OnePlus, OPPO и Realme уредите сега има целосна интеграција на Google Photos. Ова ја вклучува можноста за правење резервна копија во облак и прикажување на содржина од Google Photos. Сепак, албумите во моментов не се синхронизираат.
Апликацијата Gallery на Xiaomi поддржува создавање резервна копија во Google Photos од крајот на 2022 година. Меѓутоа, сега решението добива и двонасочна синхронизација.
Со овие интеграции, може да има проблеми со зачувувањето на уредените фотографии преку страницата на Google Photos и да се појават дупликат фотографии. Исто така, постои и опција за исклучување на функционалноста за поврзување меѓу системите.