Смартфоните од претстојната iPhone 16 серија конечно би можеле да добијат повеќе RAM меморија, но и простор за складирање, благодарение на најавените функции за вештачката интелигенција во iOS 18
Apple конечно би можел да обезбеди повеќе RAM меморија, која би требало да биде придружена со повеќе простор за складирање на своите телефони, но не затоа што мисли дека досегашните 8 GB се малку, туку благодарение на вештачката интелигенција. Имено, iPhone 16 серијата се очекува да добиe AI функции, а со цел тие да работат како што треба ќе биде потребна поголема работна меморија, поради што гигантот од Купертино наводно решил да ја зголеми RAM меморијата.
Оваа информација доаѓа од Јужна Кореја преку добро познатиот и претежно сигурен инсајдер на мрежата X под името @Tech_Reve, чиј профил моментно е неактивен. Тој во својата објава наведува дека дури и основниот модел на iPhone 16 може да пристигне со 8 GB RAM и 256 GB простор за складирање, така што интегрираната вештачка интелигенција би имала има доволно простор за размислување, складирање и обработка на информации.
За споредба, најевтиниот, основен модел на iPhone 15 има 6 GB RAM и 128 GB простор за складирање (иако се достапни и верзии за складирање од 256 GB и 512 GB).
На пример, моментно само најмалиот AI модел на компанијата Google, Gemini Nano е доволно компактен да го собере на паметните телефони – конкретно, уредите Pixel 8 Pro и Samsung Galaxy S24. Тоа би можело да се промени во иднина, но повеќето функции на вештачката интелигенција моментно работат преку cloud услугите.
Apple се гордее со тоа што извршува што е можно повеќе работи локално, без да пренесува податоци до и од серверите на веб. Ова значи дека повеќе од вашите информации се наоѓаат исклучиво на телефон или лаптоп, каде, како што наведува компанијата, се безбедни и приватни.
Ако ова се случи и со AI функциите што ги вети Apple, тогаш на iPhone 16 линијата ќе и биде потребна малку дополнителна енергија. Не само на основните, туку и поскапите Pro модели во серијата. Ова потенцијално значи дека конечно би можеле да видиме 10 или 12 GB RAM во телефоните на Apple.
Сепак, како што признава и самиот инсајдер, сè уште ништо не е потврдено, а плановите на Apple секогаш можат да бидат променети. Исто така, се поставува прашањето колку од оваа функционалност на вештачката интелигенција може да стигне и до постарите, помалку моќни уреди.
Сè уште не е познато кои точно AI функции ќе ги воведе Apple, но сите индикации одат кон тоа дека iOS 18 ќе содржи низа генеративни алатки за вештачка интелигенција слични на оние што ги видовме кај другите телефони, а она што е можеби најинтересно во моментов е дека можеби Google ќе му