Таблетот се одликува со препознатливото пенкало S Pen, елегантен дизајн и долготрајна моќ за извршување на работите
Samsung Electronics денес го објави Galaxy Tab S6 Lite (2024), стилски таблет дизајниран и за работа и за игра. Заедно со високопрецизното пенкало S Pen и нудејќи сигурна моќ во перформансите, Galaxy Tab S6 Lite (2024) ја максимизира инспирацијата, идеите и резултатите за студентите, младите професионалци и семејствата подеднакво.
„Ние во Samsung сме свесни дека животот е брз, работата е динамична и на потрошувачите им е потребен уред, кој може да биде во чекор со нивниот зафатен секојдневен начин на живот“, рече Џунхо Парк (Junho Park), потпретседател и раководител на тимот за планирање производи на Galaxy Ecosystem, MX Business во Samsung Electronics. „Galaxy Tab S6 Lite (2024) и неговото пенкало S Pen се врвни придружници за беспрекорно комбинирање на продуктивноста со забавата и креативноста, овозможувајќи им на луѓето да прават повеќе од она во што уживаат додека се во движење.“
Ново ниво во продуктивноста на бележењето
Galaxy Tab S6 Lite овозможува полесно и попријатно бележење идеи од кога било. Доаѓа во комплет со пенкало S Pen, кое е дизајнирано да ја зачува удобноста, дури и кога се држи долг временски период. Корисниците ќе уживаат да пишуваат или цртаат со пенкалото S Pen без разлика дали цртаат во Samsung Notes или ги запишуваат своите мисли – без отклучување на таблетот. И без потреба од посебен полнач, пенкалото S Pen е спремно кога и да се појави креативноста.
Носејќи ја продуктивноста уште подалеку, Galaxy Tab S6 Lite е целосно компатибилен со Galaxy уредите, вклучувајќи ги и слушалките Galaxy Buds FE, кои нудат непречено поврзување помеѓу повеќе уреди, за корисниците да можат да ја прошират својата креативност и да постигнат повеќе според сопствените услови во екосистемот Galaxy.
Стилски, пренослив и способен изведувач
Galaxy Tab S6 Lite (2024) нуди стилски дизајн, со премиум металик изглед достапен во ментол зелена, шифон розова и Оксфорд сива боја. Таблетот е компактен и лесен за зголемена преносливост, со тежина од само 465 g за безжичната верзија или 467 g кога е опремен со LTE. Дополнително, 10,4-инчниот екран на Galaxy Tab S6 Lite и тенката, симетрична рамка од 9 мм овозможуваат секоја верзија на таблетот да обезбеди пријатно доживување при гледањето.
Заедно со одличната продуктивност и функциите за забава, Galaxy Tab S6 Lite (2024) нуди долго траење на батеријата што овозможува 14-часовна непрекината репродукција на видео, обезбедувајќи им на корисниците сигурен уред за воодушевувачко искуство при гледање и креативна слобода. Бидејќи таблетот може без напор да менува апликации, корисниците ќе можат да искусат и поефикасен мултитаскинг.
Достапност
Galaxy Tab S6 Lite (2024) WIFI 4 + 64 GB ќе биде достапен од 28 март по препорачана малопродажна цена од 25,999 денари, додека Galaxy Tab S6 Lite 2024 LTE 4 + 64 GB ќе биде достапен од 29,999 денари.
Спецификација на производот
Galaxy Tab S6 Lite (2024) | ||
Екран | 10.4-инчен, 2000 x 1200 (WUXGA+), TFT | |
* Мерено дијагонално како полн правоаголник без да се земат предвид заоблените агли. Вистинската површина за гледање е помала поради заоблените агли и отворот на камерата . | ||
Оперативен систем | Android 14.0 | |
Димензии | 154.3 x 244.5 x 7.0 mm | |
Тежина | 465 g (Wi-Fi) | 467 g (LTE) | |
Камера | Задна | 8 MP |
Предна | 5 MP | |
Меморија и складирање* | 4 GB + 64 GB
4 GB + 128 GB microSD до 1TB** |
|
*Достапноста на просторот за складирање може да се разликува според пазарот, моделот, бојата или операторот. Вистинската достапност на просторот за складирање може да варира во зависност од претходно инсталираниот софтвер и од пазарот, моделот, големината и форматот на датотеката.
** MicroSD картичка се продава одделно. |
||
Процесор | Четири-јадрен 2.4 GHz + Четири-јадрен 2.0 GHz | |
Батерија* | 7040 mAh (вообичаена) | |
*Вообичаена вредност тестирана во лабораториски услови од трета страна. Вообичаена вредност е проценетата просечна вредност земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата меѓу примероците на батерии тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот (минимален) капацитет е 6.840 mAh. | ||
Поврзаност | LTE*, Wi-Fi, Bluetooth® v 5.3 | |
* Достапноста на моделот LTE варира во зависност од пазарот или операторот. | ||
Боја | ментол зелена, шифон розова и Оксфорд сива | |
Звук | Звук на двојни звучници од AKG, Dolby Atmos® |