Кога купувате нов мобилен телефон, првото нешто што го обично го правите е да го ажурирате софтверот. Кај iPhone веројатно тоа веројатно повеќе нема да биде случај, затоа што компанијата пронајде начин да ги надгради уредите во продавница, додека се уште во кутија
Уште минатата есен, одредени извори почнаа да пишуваат за тоа како Apple ги ажурира новите модели на iPhone во продавниците, пред да им ги продаде на клиентите. Со тоа се избегнува потребата купувачот на новиот смартфон, дури и пред да почне да го персонализира, најпрвин да го надгради iOS на најновата верзија, објавена додека мобилниот телефон бил некаде во продажниот синџир, помеѓу фабриката и продавницата.
Надградба без распакување
За самиот процес и постоењето на механизам за ажурирање на iPhone уредите додека се уште се фабрички спакувани во кутија беше потврдено со програмски код пронајден во iOS. Според овие информации, системот би можел далечински да ги активира безжичното поврзување на iPhone, NFC и полначот MagSafe и да ја испорача потребната енергија за работа и ажурирања на софтверот преку кутијата. За ова е потребно да се постават неотворени мобилни телефони во посебен уред, а сега за првпат е објавена фотографија од ваков уред (поточно, две копии поставени една врз друга).
Според францускиот портал iGeneration, уредот се вика Presto, изгледа како „печка“ со две полици, од кои секоја може да собере три кутии со iPhone уреди. Presto потоа ги активира телефоните преку кутијата, ги презема софтверските ажурирања од специјалните сервери на Apple, каде што се достапни пред крајните корисници и ги инсталира на спакуваните уреди.
Според обично добро информираниот Марк Гурман, технологијата моментно се тестира на неколку локации во САД и би можела да биде пуштена во поширока употреба во текот на следниот месец.