Vivo го претстави новиот смартфон наменет за европскиот пазар, а се работи за моделот V40 SE 5G.
Станува збор за уред од пониска средна класа, напојуван со Snapdragon 4 Gen 2 процесорот на Qualcomm, поврзан со 8 GB LPDDR4X RAM и 256 GB UFS 2.2 простор за складирање, кој може да се прошири до 1 TB преку microSD картичка.
Се одликуцаси три камери на задната страна, главната од 50 MP (f/1,8), ултраширока од 8 MP (f/2,2.) и макро ann камерата од 2 MP (f/2,4). Однапред е поставена селфи камера од 16 MP (f/2.0).
Смартфонот користи 6,67-инчен AMOLED екран со резолуција од 1.080 x 2.400 пиксели, стапка на освежување од 120 Hz и максимална осветленост од 1.800 нита (1.200 нита во режимот High Brightness). Има интегрирансензорот за отпечатоци и има два звучници . Уредот се напојува од батерија со капацитет од 5.000 mAh, која поддржува брзо жично полнење од 44 W, но во пакетот нема полнач.
Vivo V40 SE 5G користи Android 14 со Funtouch OS 14 интерфејс и ќе биде достапен во две бои, кристално црна и виолетова со заден панел покриен со кожа. Димензиите на смартфонот се 163,17 x 75,81 x 7,79 мм за Crystal black верзијата, додека дебелината на виолетова верзија е 7,99 мм. Разликата е и во тежината, црната верзија тежи 185,5 граа, а виолетовата 191 грам.
Цените се уште не се објавени.