WhatsApp во август минатата година воведе можност за испраќање фотографии и видеа во висока резолуција, но корисниците мораа рачно и индивидуално да ја одберат таа содржина. што дефинитивно не беше идеално решение. Сепак, тоа е на пат да се промени.
Новото ажурирање за апликацијата WhatsApp носи можност за автоматско испраќање на сите фотографии и видеа во HD резолуција со користење на новото копче Media Uplouad Quality за да се избере квалитет на прикачување на медиуми, лоциран во менито Storage and data..
Кога корисникот ќе ја избере опцијата „Standard quality“, примателот ќе го добие медиумот во компресиран фајл со цел побрза испорака, а притоа да се одржува понизок квалитет. Од друга страна, HD квалитетот зафаќа шест пати повеќе простор и ќе се испраќа побавно.
Копчето ќе им овозможи на корисниците да испраќаат одредени со различен квалитет кога е потребно.
Функцијата е веќе достапна за некои тестери, а откако ќе бидат решени сите проблеми, ќе биде достапна во стабилната верзија на WhatsApp, така што апликацијата треба редовно да се ажурира преку Google Play Store.