Новата верзија на Windows Insider ве ослободува од потребата за Microsoft сметка за да ги користите Copilot и AI функциите и доволен е само локален налог
За да ја користите вградената вештачка интелигенција на вашиот компјутер со Windows, во вид на Copilot AI помошникот за вештачка интелигенција и други функции, повеќе нема да ви биде потребна сметка на Microsoft. Новото ажурирање Build 26090 е достапно почнувајќи од денес како дел од програмата Windows Insider за да се испробаат новите функции преку Dev или Canary builds. Новата верзија донесува и неколку мали, но значајни промени кои ја истакнуваат посветеноста на компанијата кон нејзиниот асистент Copilot и програмата Insider воопшто.
Корисниците кои се најавуваа само со локални сметки сега можат да го користат и Copilot, но во овој случај е достапен со одредени ограничувања во функционалноста. Исто така, грдиот, но инаку безопасен, воден печат што го истакнува бројот на Windows Insider верзијата повеќе не е присутен во долниот десен агол на екранот.

Тој воден печат долго време е карактеристика на Windows Insider програмата. Така, компјутерите на екраните прикажуваа „Windows 11 Home Insider Preview. Evaluation copy. Build 23620.ni_prerelease.240118-1056.“. Таа порака беше иританта, особено во случаите кога сакате да направите скриншот бидејќи се појавуваше на креираните слики. Сега тоа повеќе не е истакнато на овој начин и извесно е дека ретко на кој ќе му недостига.
Но, главната работа е секако можноста за користење локална сметка за пристап до помошникот Copilot. Ако веќе сте го инсталирале Windows со Microsoft наместо со локална сметка, а не сакате да го користите за Copilot, постои и опција да креирате локална сметка по инсталацијата. Значи, компанијата очигледно сака да сте најавени, но очигледно не толку колку што сака да го пробате Copilot.

