Во изминатите месеци не недостигаа гласини за следната премиум Huawei P70 серија паметни телефони . Сепак, сега има и повеќе официјални податоци кои укажуваат на претстојната премиера на долгоочекуваниот смартфон.
Се појавија скриншотови кои покажуваат дека евентуалннот настан за лансирање на уредите ќе биде одржан на 2 април. Последователно, бевме сведоци и на информации за некои од главните карактеристики на идните модели.
Серијата може да вклучува четири модели, Huawei P70, P70 Pro, P70 Pro+ и P70 Art, а се чини дека сите го користат Kirin 9000S чипсетот и имаат LTPO OLED екрани со дијагонали помеѓу 6,58 и 6,76 инчи.
Кај Pro и Pro+ верзиите можно е да се користи главен 1-ин;enн сензор од 50MP (Sony IMX989), а во стандардниот модел 50MP OV50H сензор. Капацитетот на батеријата е од 5000 mAh до 5200 mAh со брзо жично полнење до 88 вати и безжично до 50/80 вати.