Претстојните iPhone 16 Pro модели на Apple ќе користат подобрен процес на завршна обработка и боење на титаниумот, тврди нова гласина од Кореја.
Според профилот на агрегаторот на вести „yeux1122“ на блогот Навер, новиот процес ќе направи iPhone 16 Pro и iPhone 16 Pro Max да изгледаат поисполирано од iPhone 15 Pro моделите, кои имаат брусена завршница.
Подобрениот процес на производство, наводно, ќе резултира со сјаен изглед кој е повеќе сличен на полираниоѕ материјал од нерѓосувачки челик што се користеше во претходните iPhone Pro уреди. Сепак, новиот титаниумски финиш ќе биде помалку подложен на гребнатини во споредба со нерѓосувачкиот челик.
Исполираната завршница на iPhone 15 Pro моделите е со значително помал отсјај од завршницата на претходните Pro модели. Материјалот е помалку подложен на отпечатоци од прсти и исто така ја намалува видливоста на гребнатиниѕе. Освен изгледот, употребата на титаниумска рамка на iPhone 15 Pro моделите, ја намали и тежината на уредите. iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max се приближно девет проценти полесни од iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max.
Покрај тоа, титаниумската рамка и алуминиумската структура обезбедуваат и подобра дисипација на топлина од кој било претходен Pro модел со рамка од нерѓосувачки челик.
Гласините претходно оваа недела тврдеа дека iPhone 16 Pro моделите ќе доаѓаат во нова „вселенско црна“ и „розова” титаниумска боја. Розовата е замена на златната нијанса, додека „space black“ би можел да ја замени опцијата на црна титаниум. Apple се очекува во септември да ја објави новата iPhone 16 серија.