Функцијата Circle to Search неодамна дебитираше на Samsung телефоните со One UI 6.1, а сега донесува практична иновација – преведување текст директно од екранот
Иако функцијата заснована на вештачка интелигенција Circle to Search сè уште е нова, Google работи на нејзино подобрување за да ја направи уште покорисна. Компанијата најави дека во наредните недели ќе додаде можност за преведување на содржина директно од екранот.
Пристапот до оваа функција, се разбира, за оние кои ја имаат, е едноставен – само долго притиснете го копчето за почетната странуца или лентата за навигација за да го активирате Circle to Search, а потоа допрете ја иконата за преведување. Потоа, функцијата автоматски ќе го препознае јазикот на содржината на екранот и ќе го преведе на саканиот јазик.
Нема да биде потребно ни да исцртувате рамка околу текстот. На пример, со отворање на PDF-фајл од мени во некоја ресторан во странство, доволно е да го активирате Circle to Search, да ја допрете иконата за превод и текстот автоматски ќе се преведе на англиски, објаснува SamMobile.
Моментно, кога сакате да преведувате содржина од екранот, како што е PDF фајл од менито, треба да направите скриншот, да го отворите Google Translate и да ја изберете сликата за преведување. Апликацијата потоа го препознава јазикот од сликата и го преведува на саканиот јазик.
Како што е очигледно, овој процес не бара само сликање на екранот, туку и менување на апликациите. Со функцијата Circle to Search која овозможува директno превeдување од екранот, сето тоа станува непотребно.