Освежената лента за навигација на WhatsApp за Android се наоѓа на дното на екранот и содржи четири секции – Chats, Updates, Communities и Calls
WhatsApp во изминатите неколку недели тестираше нова лента за навигација во својата Android апликација, а сега ја добија сите корисници.
„Android пријатели, преместивме некои работи за да ви го олесниме пристапот до она што ви треба. Запознајте ги вашите нови алатки за навигација поблиску до вашите палци и полесно за очите“, објави WhatsApp на X.
Имено, новата лента за навигација се наоѓа на дното на екранот и содржи четири секции – Chats, Updates, Communities и Calls. Иако може да се движите низ апликацијата со кликнување на саканиот дел, новост е што корисниците сега можат само да повлечат на десната или левата страна за да се префрлат на местото каде што сакаат.
android friends, we moved some things around to make it easier to access what you need, when you need it
meet your new navigation tools 🤝 closer to your thumbs and easy on the eyes pic.twitter.com/CqLvZf9meo
— WhatsApp (@WhatsApp) March 28, 2024
Ако сè уште не сте ја добиле новата лента за навигација, ви препорачуваме рачно да го ажурирате WhatsApp преку Google Play Store.