Xiaomi и неговите брендови се чини дека секојдневно претставуваат нови телефони. Сега доаѓа информацијата дека Redmi се подготвува да претстави нов буџетски телефон во својата гама.
Откако вчера откривме дека Redmi наскоро ќе претстави нова серија од средна класа, денес дознаваме дека компанијата наскоро ќе претстави нов модел од А серијата, но и нов модел од уште една евтина серија. Тоа ќе биде Redmi 13.
Redmi 13 моделот е сертифициран од FCC, а беше забележан и во IMEI базата на податоци. Бројот на моделот на овој телефон е 24049RN28L, што е чудно со оглед на тоа што последната буква во бројот на моделот не е „C“, „G“, ниту „I“, што ги означува Кина, глобалниот пазар и Индија. Како што се вели, не е познато на кои пазари ќе стигне овој телефон, но во секој случај, треба да се очекува неговата поширока достапност.
Смартфонот ќе се испорачува со Android 14 и HyperOS 1.0 на Xiaomi и ќе има батерија од 5000 mAh со поддршка за брзо полнење од 33 W.
Redmi 13 ќе пристигне како наследник на Redmi 12, кој беше лансиран во шестиот месец минатата година. Овој телефон е опремен со IPS LCD екран со дијагонала од 6,79 инчи со Full HD+ резолуција. Стапката на освежување на екранот е 90 Hz. Отворот во горниот дел на екранот ја крие предната камера со сензор од 8 MP.
На задната страна, телефонот има три камери со главен сензор од 50 MP. Присутен е и ултраширок сензор од 8 MP и макро сензор од 2 MP, а уредот се одликиува со батерија од 5000 mAh и се напојува од Helio G88 процесор.