HMD Global оваа година ќе дебитира со сопствен бренд на паметни телефони. Причината за овој потег е скорешното раскинување на лиценцата за производство и продажба на уреди со брендот Nokia
Финската стартап компанија HMD Global, која десет години поседува лиценца за производство и продажба на телефони на Nokia, наскоро ќе остане без неа. Соработката официјално ќе биде прекината во 2026 година поради истекување на договорот за лиценцирање потпишан од двете страни. Во таа насока, претставници на компанијата HMD најавија дека оваа година ќе го лансираат својот прв смартфон под сопствената марка HMD. Најраниот можен датум на пуштање во продажба на уредот е месец јули, а уредите под брендот Nokia ќе бидат пуштени во продажба до крајот на годината според претходно објавениот план.
HMD Global останува без Nokia лиценца и најавува сопствени телефони
Првите извештаи и информации говорат дека HMD ќе претстави низа сопствени брендирани телефони со најмалку [est модели. Меѓу нив се и три смартфони од серијата Pulse, опремени со Unisoc T606 octa-core процесор, и тоа HMD Pulse, HMD Pulse+ и HMD Pulse Pro. Сите ќе работат на оперативниот систем Android 14. Дополнително, постојат три модели од серијата Legend вклучувајќи: Legend, Legend+ и Legend Pro. Покрај споменатата линија на телефони, свое место меѓу мобилните уреди на новиот бренд ќе најде и HMD T21, Android таблет со поволна цена.
Финскиот Suomimobiili веќе објави дека одредени дански синџири на малопродажба на технолошки уреди презеле иницијатива да ги откријат цените и лансирањето на два мобилни телефони под брендот HMD. Меѓу нив интересен е HMD Pulse Pro кој има 6 GB работна меморија и 128 GB простор за складирање податоци. Се продава по приближна цена од 161,4 евра.
Уште еден во понудата е и HMD Pulse+, кој се одликува со 6 GB RAM меморија и 128 GB за заштеда на податоци и се продава по цена од приближно 179,15 евра. Станува збор за Business Edition модел со подолга гаранција, подобра поддршка на деловните услуги и подолг период на гарантирани ажурирања. Се претпоставува дека главно е наменет за корисниците на нордиските земји.
Сепак, деталните спецификации, информации и функции на мобилните телефони под брендот HMD се многу ретки и ограничени, а општата оценка е дека тие првенствено ќе бидат Android уреди од средна и ниска класа.