Google се согласи да избрише милијарди податоци и донекаде да ја ограничи својата моќ да ги следи корисниците, по најновата одлука на американскиот суд.
Во прашање е колективна тужба од 2020 година, која го обвини Google дека ја нарушува приватноста на корисниците со собирање на нивните податоци дури и кога користат режим Incognito.
Во тужбата се бараа пет милијарди долари отштета, но компанијата не признава за што сè е обвинета.
Во јануари, кратко време откако беа објавени плановите за решавање на случајот, компанијата ги ажурираше своите документи за да стане јасно дека сè уште ги следи податоците на корисниците дури и кога е вклучен Incognito режимот.
Истиот месец, Google објави дека тестира функција која автоматски ќе блокира колачиња од трета страна, кои помагаат да се следи активноста на корисниците, за секој што користи Google Chrome.
Тие, исто така, се согласија да избришат „стотици милијарди“ податоци за „користење приватен прелистувач“, се вели во соопштението на судот.
„Задоволни сме што ја решивме оваа тужба, за која секогаш верувавме дека е неоснована“, рече портпаролот на Google, Хорхе Кастањеда, истакнувајќи дека тие нема да платат никаков надомест.