Подолг период се дружевме со Samsung Galaxy Tab S9 Ultra, кој со својот 14,6-инчен екран е најголемиот таблет на Samsung досега, но и еден од најголемите преносни уреди на пазарот.
Galaxy Tab S9 Ultra со новото ажурирање One UI 6.1 неодамна ги доби и Galaxy AI функциите за вештачка интелигенција, што првпат беа воведени на смартфоните од Galaxy S24 серијата
Текст и фото: НИКОЛА БУРАГЕВ
Таблет уредите на Samsung веќе неколку години се меѓу најпродаваните на пазарот. Секоја серија е се подобра, но и поголема, а имавме можност извесен период да се дружиме со Samsung Galaxy Tab S9 Ultra, кој е најголемиот таблет на Samsung досега, но и еден од најголемите на пазарот.
Со својот 14,6-инчен екран, Tab S9 Ultra повеќе личи на лаптоп отколку на таблет. Доаѓа со паметно пенкало S Pen, кое се полни со ставање на задната страна од таблетот, што во голема мера го олеснува користењето на самиот уред. Поради својата големина е доста тежок и незгоден за употреба. Тежи 1,5 килограми колку што имаат некои лаптопи, а во комбинација со големината јасно е дека најлесно се користи поставен на маса.
Екран за гледање и цртање
Екранот е Dynamic AMOLED 2X со автоматска калибрација од 60 до 120 Hz и резолуција од 2960 x 1848 пиксели. Поради својата големина, одличен е за гледање серии, филмови или обработка на фотографии, скицирање, цртање или гледање документи. Технологијата Vision Booster го прилагодува осветлувањето на екранот на условите во просторијата каде што е корисникот, што исто така го олеснува прегледувањето на содржината на самиот уред. Ова може да биде проблематично ако се обидете да го користите таблетот при силна светлина или силна сончева светлина, бидејќи тогаш, особено текстот, станува тежок за читање.
Со оглед на големината, корисно е што има IP68 рејтинг, што значи дека е отпорен на вода и прашина. Во случајот на Tab S9 Ultra, тоа значи дека ако премногу се извалка, можете лесно да го исплакнете под вода. Екранот е покриен со Corning Gorilla Glass 5, што значи дека е доста отпорен на удари и гребаници. Имајќи предвид дека цело време го користевме S Pen речиси цело време, екранот отпорен на гребење е дефинитивно добредојден.
На дното на екранот, над отворот за USB-C, има читач за отпечатоци што може да се користи за отклучување на екранот. За време на тестирањето, тој работеше нормално, иако честопати ни беше полесно да го внесеме PIN-от поради огромната големина на таблетот.
One UI 6.1 го донесува Galaxy AI
Samsung неодамна ја најави достапноста на Galaxy AI функциите за вештачка интелигенција на повеќе постари Galaxy уреди преку новото ажурирање One UI 6.1, а меѓу нив е и Galaxy Tab S9 Ultra. Во согласност со новата Galaxy S24 серија, ова ажурирање го подигнува стандардот на искуството на мобилната вештачка интелигенција преку хибриден пристап кој комбинира вештачка интелигенција на уредот и во облак.
На овој начин, сега уште повеќе корисници ќе можат да ги искористат предностите на Galaxy AI функциите кои ја подобруваат комуникацијата и се достапни на моделите поддржани со вештачка интелигенција. Функциите на таблетот вклучуваат можност за прилагодување на тонот на пораките и преведување пораки на 13 различни јазици со помош на функцијата Chat Assist, а можевме да ја искусиме и моќта на интеракциите во реално време преку функцијата Live Translate, која обезбедува гласовни и текстуални преводи на телефонски повици и која е достапна само на 5G верзијата на таблетот. Покрај тоа, со функцијата Interpreter, корисниците можат да се вклучат и во спонтани разговори со локалното население додека патуваат, бидејќи функцијата која го дели екранот генерира текстуален превод на разговорот во живо.
Со One UI 6.1 ажурирањето, Galaxy Tab S9 Ultra ја доби и најпроминентната функција од Galaxy S24 серијата – Circle to Search, која генерира интуитивни резултати од пребарувањето со брзо заокружување, а можеме да потврдиме дека функцијата работи беспрекорно на таблетот. Организациските функции што го подобруваат животот, како што е Note Assist овозможуваат да се креираат формати, да се генерираат записници и да се преведуваат белешки, додека функцијата Browsing Assist овозможува побрзо генерирање на сеопфатни резимеа на новинарски статии. Ја испробавме и функцијата Transcript Assist, која лесно ги транскрибира снимките од состаноците и генерира резимеа и преводи.
Најновото ажурирање обезбедува и пакет Galaxy AI алатки, кои ја поттикнуваат креативната слобода дури и по фотографирањето. Со помош на функцијата Generative Edit, на самиот таблет лесно можевме да ја менуваме големината и позицијата на фотографираните објекти или да ги подредиме објектите за да се добие перфектна слика. Постои и можност полесно да се исполира секоја фотографија со функцијата Edit Suggestion. Нема потреба од повеќекратно повторливо фотографирање, бидејќи функцијата Instant Slow-mo може да генерира дополнителни кадри за забавени видео записи за да се доловат моменти исполнети со акција.
Покрај тоа, приспособувањето на Galaxy Tab S9 Ultra е уште полесно со помош на позадините генерирани со вештачка интелигенција, овозможувајќи им му на таблет уредот да ја оживее креативноста на корисникот.
Камери создадени за видео повици
Двете предни камери се наоѓаат на долгата страна на таблетот и имаат 12 MP. Иако оваа позиција не е баш најзгодна за видео повици, бидејќи треба да го поставите таблетот во хоризонтална положба, лесно е да ги игнорирате додека го користите уредот. Камерите даваат исклучително добра слика при видео повиците, а во категоријата подобри спаѓаат и селфи фотографиире направени со нив.
Од задната страна на таблетот, покрај просторот за полнење на S Pen, се наоѓа двојна камера од 13 и 8 MP и LED блиц. Со оглед на резолуцијата на камерите, јасно е дека Samsung посветил повеќе внимание на предните камери кои се користат за видео повици, отколку на задните камери за фотографирање. Сепак, тоа не значи дека задните камери не се добри. Само не очекувајте фотографии од високата класа како што гледаме на премиум паметните телефони.
Што се однесува до самиот уред, го покренува Qualcomm Snapdragon 8 Gen 2 процесор, има 12 GB работна меморија и 256 GB простор за складирање. Работи на оперативниот систем Android 13 со корисничкиот интерфејс One UI на Samsung, што значи дека ако некогаш сте користеле таблет или паметен телефон на Samsung, нема да имате никакви проблеми да се снајдете. Samsung истакнува дека овој таблет ќе има четири надградби на Android и пет години безбедносни надградби, што значи дека компанијата очекува корисниците да го користат овој таблет со години.
Голем и моќен
И мораме да признаеме дека тоа не е толку тешко да се замисли. Иако овој таблет е малку незгоден за носење поради неговата големина и топло ви препорачуваме да набавите заштитна футрола, неговите карактеристики се дури и помоќни од некои лаптопи кои можат да се купат на пазарот. Во комбинација со тастатура која може да се купи одделно, овој таблет лесно може да го замени лаптопот.
Особено затоа што овој таблет поддржува мултитаскинг, односно можете да работите во три апликации истовремено, а за оние кои не можат без мултитаскинг, можно е да зачуваат и неколку омилени комбинации на апликации, за да можат секогаш да се стартуваат во истото време. Најмногу ни се допадна комбинацијата на веб-прелистувач, мејл клиент и Notes за белешки.
S Pen пенкалото е одлично за креирање белешки или скицирање. Samsung одамна има опција да препознава ракопис и да го конвертира во печатен текст. Ова е прилично незгодно кај S9 Ultra бидејќи екранот е дури и малку преголем за пишување. Поточно, кога создавате белешки, влечете по екранот со рака, па не е невообичаено таблетот да го сфати ова како цртање линија. Но, по малку навикнување, пенкалото станува незаменлива алатка. За оние кои се љубители на преносни компјутери и хартија, Samsung нуди и можност за купување дополнителна слој на екранот кој остава впечаток како да пишуватена хартија. Немавме можност да го пробаме, но изгледа како интересен додаток.
Во однос на издржливоста, S9 Ultra има батерија од 11.200 mAh, што е прилично голема батерија, но и која мора да напојува прилично тежок уред. Со просечна употреба, таблетот издржува повеќе од 10 часа без полнење, а при гледање видео, околу девет часа. Од друга страна, полнењето од 0 до 100 трае малку подолго, односно околу час и 40 минути.
Финален впечаток
Доколку барате таблет кој ќе ви го замени лаптопот и не сте зависни од Windows, тогаш овој таблет ќе ви биде и повеќе од интересен. Особено ако се занимавате со мултимедија, цртање, скицирање или едноставно често патувате и држите презентации. Сепак, неговата големина и тежина ја прават проблематична употребата како таблет за читање или гледање мултимедија. Неговата големина е и предност и недостаток. Од една страна, големиот екран ја олеснува работата на него, а од друга страна, големината го отежнува носењето и држењето во раце. Долготрајната батерија ќе ги задоволи корисниците на кои им е потребен уредот во текот на работниот ден.
Севкупно гледано, Samsung Galaxy Tab S9 Ultra навистина има што да понуди и ќе го привлече вниманието на деловните и креативните корисници подеднакво. Препорачаната цена на верзијата со 12 GB RAM и 256 GB простор за складирање изнесува 77.790 денари, што е во ранг дури и со многу моќни лаптопи кои можат да се најдат на пазарот.
Јасно е дека со овој таблет Samsung ги таргетира корисниците кои би го користеле за работа, додека оние кои го користат таблетот за забава и релаксација веројатно ќе изберат малку помал модел.
Samsung Galaxy Tab S9 Ultra |
|
Екран |
|
Димензии и тежина |
|
Чипсет |
|
Камера |
|
Меморија |
|
Батерија |
|
Полнење |
|
OS |
|
Мрежа и поврзување |
|
Безбедност |
|
Водоотпорност |
|
Оценка |
5/5 |