Откако ги напушти своите амбиции за електрични возила, Apple наводно се сврте кон роботиката и развива лични роботи за секојдневна домашна употреба
Новинарот на Bloomberg, Марк Гурман, тврди дека Apple истражува персонална роботика. Компанијата наводно работела на роботи и електрични автомобили во исто време, надевајќи се дека ќе развие машина за која не е потребна човечка интервенција.
И додека проектите на Apple за роботи се уште сѐ во рана фаза, Bloomberg известува дека гигантот од Купертино веќе работи на мобилен робот кој може да го следи корисникот низ неговиот дом и веќе има развиено десктоп уред кој користи робот за движење на екранот. Идејата е да се има машина која може да имитира движења на главата и да се фокусира на едно лице во групата, веројатно за подобро искуство со видео повици.
Бидејќи овие роботи треба да се движат сами, Apple размислува да користи алгоритми за навигација. Според извештајот, тимот за домашни уреди на Apple е задолжен за нивниот развој, а најмалку еден инженер, кој работел на сега веќе непостоечкиот проект за развој на електрични возила, се приклучил.
Сепак, роботите не се како мобилните телефони во смисла дека на луѓето им се потребни во нивните животи денес. Apple е загрижен дали луѓето ќе сакаат да издвојат многу пари за роботи, а официјалните лица сè уште не можат да постигнат договор за тоа дали компанијата треба да продолжи да работи на овие проекти. Груман претходно изјави дека Apple има намера да го продаде својот електричен автомобил за 100.000 долари и со ова може да се заклучи дека имал голем потенцијал во однос на растот на приходите на компанијата.
Но, Apple Car веќе не е релевантен, а компанијата се фокусира на Vision Pro и други производи наменети за дома, кои вклучуваат уред за домашен центар со екран сличен на оној на iPad.
Се разбира, Apple би можел да се откаже од овие проекти во секое време и би можел да продолжи кон развој на други класи на производи доколку открие дека таквите во иднина можат да донесат повеќе пари.