Неколку истакнати новинари и други корисници на социјалната мрежа Х добија сини значкиза верификација на нивните профили, а Питер Кафка од Business Insider сподели порака која ја добила платформата која е доказ дека промената не е случајна.
„Како влијателен член на X заедницата, ви дадовме бесплатна претплата на X Premium во согласност со условите за користење“, се вели во пораката.
X, исто така, објави појаснување во кое се наведува дека сите профили со повеќе од 2.500 потврдени (платени Premium или Premium+) претплатници со сино знакче добиваат Premium функции бесплатно, а секој со повеќе од 5.000 следбеници го добива нивиот Premium+ без реклами, исто така бесплатно.
Пред оваа промена, единствените корисници кои добиваа бесплатни Premium сини знакчиња беа оние со огромен број следбеници, како и познати личности, корпорации и медиумски компании. Се чини дека новиот потег е начин да се истакнат влијателните корисници со помали следбеници, главно новинари.
Се чини дека X одлучи дека им требаат повеќе новинари со сини знакчиња. По неодамнешните настани, кои го вклучуваат земјотресот во Тајван, изборите во Турција, уривањето на мостот во Балтимор и многу повеќе, некои корисници се пожалија дека X повеќе не е платформа за ударни вести како што некогаш беше Twitter.
Ова е веројатно затоа што новинарите, кои откриваат или шират такви вести, добиваат помалку истакнатост бидејќи алгоритмите на X ја истакнуваат содржината и одговорите на профилите со сини знакчиња. Тоа на пример значи дека дури и оние што не знаат ништо, а платиле 8 долари ќе имаат предност пред искусните новинари кои можат да дадат корисни и вистинити информации.
Но, бидејќи синото знакче стана достапно за сите за 8 долари, има и такви корисници кои се чувствуваат засрамено што го добиле со овој нов потег на X и тврдат дека биле „насилно верификувани“ и се надеваат дека ќе имаат можност да го отстранат знакчето. Новинарката на Business Insider, Кејти Нотопулос напиша дека станала „сина знaчка, промоторка на шибакоин“.