Иако има уште многу време до премиерата на следната iPhone 16 серија смартфони, не недостигаат податоци поврзани со очекуваните модели. Сега се појавија наводни макети од наводните iPhone 16 уреди, кои ги објави дојавувачот Сони Диксон на мрежата X.
Се чини дека iPhone 16 и 16 Pro се со идентични димензии, со тоа што iPhone 16 Plus е малку поголем, а iPhone 16 Pro Max се очекува да биде најголем. Дијагоналите на екраните на стандардните iPhone 16 модели ќе останат 6,1 и 6,7 инчи, додека Pro уредите ќе имаат малку поголеми дисплеи – 6,3-инчи за iPhone 16 Pro и 6,9-инчи за iPhone 16 Pro Max.
Сите уреди од новата серија ќе го содржат Action копчето од левата страна на куќиштето и новото Capture копче за фотографирање и снимање од десната страна. Се очекува второто копче да биде механичко со капацитивна површина, што овозможува поддршка на гестови.
На фотографиите повторно се потврдува елипсовиден дел за задните камери кај iPhone 16 и 16 Plus, додека кај Pro моделите останува квадратниот модул со три леќи од последните неколку генерации.