Apple им задава главоболка на производителите ангажирани да го произведат екранот на следнара iPhone 16 серија. Тенкиот долен раб се покажа како голем предизвик за актуелната TFT технологија за производство на панели.
Претходните најави открија дека новата iPhone 16 серија телефони ќе имаат потенки рамки околу видливата површина на екранот. Истата технологија BRS (Border Reduction Structure), која Apple планира да ја користи на телефоните, ќе се користи и кај идните iPad Pro модели со дијагонала на екранот од 11 и 13 инчи за 2024 година. Тие не само што ќе бидат првите iPad уреди опремени со OLED панели, туку ќе ни дадата и конкретен поглед на тоа како изгледа BRS дисплејот кога станува збор за намалување на дебелината на рамката.
Според веб-страницата The Elec, Apple бара од своите снабдувачи на панели за iPhone 16 да ја направат долната рамка користејќи BRS технологија. Сепак, ова барање предизвикува главоболки кај производителите на екрани за новиот iPhone.
Ако долната рамка е потенка, ќе треба повеќе работа за да се развие такво решение и време за да се сокријат електронските кола под самата рамка. Во исто време, горната и страничната рамка можат без проблем да бидат потенки, но намалувањето на рамката на маската на дното е тешко поради проблемот со емитувањето на топлина.
Apple има посебни барања во поглед на екранот на iPhone 16
Поради создавањето топлина, жиците на долниот дел од панелот ќе треба да се свиткаат надолу, што бара да се направат други промени. Сепак, ниту еден од производителите на панели не можеше да произведе такви дисплеи со стапка на исправни примероци која е прифатлива за Apple.
Во извештајот се додава дека поради претходните проблеми, LG Display користи само два извори за чиповите кои управуваат со работата на TFT екранот (DDI), кои се неопходни за да се исполнат барањата на Apple. Во минатото, LG Display се потпираше на LX Semicon за потребните чипови, но наводно ќе се обрати до Novatech за да ги набави потребните компоненти подоцна оваа година.
Потегот на компанијата LG Display е пресметан да ги намали трошоците бидејќи создава конкуренција меѓу двата снабдувачи со цел да се намалат цените на потребните компоненти во светлото на дополнителните трошоци поради напорните решенија што Apple ги постави пред нив.
LG Display добива се повеќе работа од Apple и се очекува да генерира 20 проценти повеќе приходи од ангажирањето во производството на делови за iPhone во споредба со претходната година. Минатата година, LG Display испорача дури 52,5 милиони OLED екрани за Apple iPhone.