Откако Netflix реши да го попречи споделувањето на лозинката, уште два стриминг сервиси решија да го сторат истото.
Disney+ и Hulu, двете услуги во сопственост на Disney, исто така ќе почнат да го спречуваат споделувањето на лозинка.
Во интервју за CNBC, шефот на Disney, Боб Ајгер рече дека нивната цел е на крајот да имаат двоцифрени профитни маржи, а стримингот ќе игра голема улога во тоа.
Еден од клучните фактори, додаде тој, е токму сузбивањето на споделувањето лозинки еднаш засекогаш.
Ајгер рече дека Disney ќе го започне својот „прв бран забрани за споделување лозинка“ во јуни, во неколку земји, а потоа и на глобално ниво во септември.
Овој потег на Disney се чекаше долго, бидејќи уште одамна, лани во август, најавија дека ќе тргнат по стапките на нивните конкуренти.
Ако во моментов плаќате за Disney+, дали ќе се откажете кога ќе започне борбата против споделување лозинки?