Apple веќе некое време на своите корисници им нуди поевтин паметен часовник Apple Watch SE, а се чини дека наскоро доаѓа конкуренција во вид на Galaxy Watch во кружен облик.
Линијата Fan Edition на Samsung наскоро ќе се прошири и на паметните часовници. Заедно со Galaxy S24 FE, кој треба да се појави на пазарот ова лето, и потенцијално Galaxy Z Fold FE и Z Flip FE, наскоро светлината на денот би можел да ја види и Galaxy Watch FE.
Како што дознава Android Headlines, Galaxy Watch FE ќе биде најевтиниот паметен часовник на Samsung, што секако ќе се одрази и на спецификациите. Според тоа, се вели дека ќе ги дели спецификаиците на Galaxy Watch 4 од 2021 година, што значи дека ќе има помалку функции за следење на здравјето, помал екран и послаба батерија во однос на актуелната генерација на Galaxy Watch.
Galaxy Watch FE ќе има броеви на модели SM-R866F, SM-R866U и SM-R866N и ќе биде достапен за купување на глобално ниво.