Facebook Messenger добива голем број нови функции, потврдија од компанијата Meta.
Најпрвин, корисниците сега можат да испраќаат HD фотографии преку Messenger со едноставно избирање на саканата фотографија, а потоа и HD резолуција пред да го притиснат копчето Send.
HD фотографиите неодамна станаа опција на WhatsApp, па Meta ја вклучуа истата функција и во својот Messenger. Сите фотографии испратени на нов начин ќе ја содржат ознаката HD во горниот десен агол.
Покрај тоа, корисниците можат да креираат споделени албуми со пријателите и семејството, каде што можат да се додаваат фотографии и видеа. За да креирате таков албум, потребно е да изберете неколку фотографии во групниот разговор, потоа да ја изберете опцијата Create album (или долго да притиснете на фотографијата во разговорот и да ја изберете опцијата Create album). За да додадете фотографии и клипови на постоечки албум, изберете ја опцијата Add to album. Се разбира, албумите можат да се преименуваат во секое време.
Сите во групниот разговор може да ги гледаат, додаваат, отстрануваат и преземаат сите фотографии и videa од споделениот албум. До албумot се пристапува со избирање на саканиот групен разговор, а потоа потребно е да се избере Media. Новите функции ќе бидат достапни за сите корисници на Facebook Messenger во наредните недели.
Но, тоа не е сè, бидејќи корисниците можат да додаваат други во Messenger користејќи QR код. Поточно, можно е да се скенира QR кодот на друг корисник и да се додаде во разговорот, но и да се понуди свој преку линк.
Конечно, Messenger го зголеми ограничувањето на големината на фајловите, така што сега е можно да се испрати до 100 MP. Поддржани се сите главни формати, вклучително Word, PDF, Excel и zip, а сето тоа и недостигаше на оваа апликација. Сепак, функциите се тука сега, подобро доцна отколку никогаш.