Чипсетот изработен во следниот, напреден процес на производство на TSMC од 2 nm нема да пристигне пред iPhone 17 Pro, со оглед на тоа што тоа ќе биде првиот уред што ќе го користи
Иако еден од најголемите производители на чипови во светот, тајванскиот гигант TSMC објави дека започнал со развој на напреден процес на производство од 2 nm уште во 2022 година, ваков чип нема да видиме пред објавата на iPhone 17 Pro, што го очекуваме наесен следната година. Уште кога беше најавен процесот од 2 nm, кружеа гласини дека ова ќе биде првиот уред што ќе го користи, а сега таа информација е повторно актуелизирана.
Гласините се всушност потврдени, со нови инсајдерски информации. Извори од индустријата тврдат производство на чипови на 2nm производствениот процес на TSMC ќе започне оваа година во мали размери, додека масовното производство ќе почне на почетокот на 2025 година, токму на време за есенското лансирање на iPhone 17 Pro.
Во прилог на информациите дека Apple ексклузивно ќе биде прв што ќе лансира уреди со TSMC чипот од 2 nm, одат и гласините од почетокот на оваа година кои посочуваат дека американската компанија наводно го ангажирала целото 2 nm производство на TSMC, барем неговиот почеток почеток. Покрај iPhone 17 Pro, чипови од 2 nm треба да бидат наменети и за претстојните Mac компјутери.
По процесот на производство од 2 nm, следен чекор ќе биде неговата подобрена верзија, која аналитичарите ја очекуваат на крајот на 2026 година, по што фабриката треба да се префрли на 1,4 nm, пишува Apple Insider. Годинава ја очекуваме iPhone 16 серијата телефони, си унапреден оперативен систем, а акцентот ќе биде ставен на вештачката интелигенција. Сепак, сите тие AI задачи наменети за обработка на уредите ќе треба да ги прават без 2nm чипови.