Motorola на 16 април ќе одржи уште еден настан кој го рекламира како „интелигенцијата се среќава со уметноста“, веројатно посветен на останатите членови од Edge 50 серијата
Иако Motorola Edge 50 Pro беше официјално претставен на 3 април, другите членови на оваа серија серија сè уште не ја видоа светлината на денот, а компанијата најави уште еден настан за 16 април. Тогаш треба да ја видиме целата палета на Edge 50 телефони, заедно со уште два модели, а Motorola го промовира настанот со ознаката „интелигенцијата се среќава со уметноста“.
Триото паметни телефони за кои упатените тврдат дека ја сочинуваат новата серија на Motorola се: Edge 50 Fusion како основен модел, централниот и веќе објавен Edge 50 Pro, а предводник ќе биде моделот Edge 50 Ultra.
We see beauty in every detail. 04.16.2024 #hellomoto #edgefamily #smARTphone pic.twitter.com/AqBgQA8Iib
— motorola (@Moto) April 9, 2024
Знаеме дека и Pro моделот ќе пристигне во Европа, најверојатно на 16 април, а неговите главни спецификации се: Snapdragon 7 Gen 3 чипсет, батерија од 4.500 mAh со жично полнење од 125 W и безжично полнење од 50 W, 6,7-инчен OLED екран со стапка на освежување од 144 Hz и систем со тројна камера на задната страна со главна која има 50 MP, телефото со 10 MP и оптички зум 3x, како и ултраширока од 13 MP, која служи и како макро камера .
Телефонот во Европа ќе чини 700 евра и најверојатно ќе биде достапен само во една конфигурациска опција, односно со сооднос 12/256 GB RAM и меморија за складирање податоци.
Моделот Motorola Edge 50 Fusion, како основен модел на серијата, има малку послаби спецификации, кои наводно вклучуваат екран со иста дијагонала од 6,7 инчи, но и батерија со капацитет од 5.000 mAh со жично полнење од 68 W, како и малку постар чипсет Snapdragon 6 Gen 1, додека на задната страна има двојна камера.
Овој телефон наводно ќе чини околу 25.000 индиски рупии, што изнесува околу 270 евра, но како и обично, по транспортот во другите делови на светот, неговата цена треба да биде малку повисока на другите пазари, како што е Европа, под услов да биде достапен надвор од Индија.
Конечно, тука е и предводникот на серијата – Motorola Edge 50 Ultra со новиот чип Snapdragon 8s Gen 3, кој всушност е малку послаба верзија на Snapdragon 8 Gen 3, но сепак нуди конкурентни перформанси. Камерите се наводно тука и најдобри, секоја со 50 MP, додека широкоаголната, ултраширока има фокусна должина од 12 mm, а телефото камерата е перископ леќа со 3x оптички зум и фокусна должина од 72 mm.
На предната страна, Ultra моделот добива OLED екран со иста дијагонала како другите два члена од серијата, но наводно со брзина на освежување од 165 Hz, а неговата цена би требало да изнесува околу 1.000 долари во САД, додека цените за другите пазари се уште се непознати.