Еден од најценетите брендови за фотоапарати, компанијата Leica го лансираше својот долгоочекуван смартфон од третата генерација наречен Leitz Phone 3.
Познатиот производител на камери и оптичка опрема, компанијата Leica денеска ја претстави својот смартфон од третата генерација под името Leitz Phone 3, кој ветува значителен напредок во обезбедувањето фото можности на паметните телефони. Телефонот на германската компанија, сепак, првично ќе биде ограничен на јапонскиот пазар, почнувајќи од 19 април, но деталите за цената сè уште не се објавени.
Меѓутао, во наредниот период, Leitz Phone 3 би можел да се најде и на другите пазари, како што е европскиот, со оглед на тоа дека Leica е „староседелец“ од Германија. Додека го чекаме тоа, знаеме дека овој телефон може да се пофали со хардвер за обработка на фотографии, кој потсетува на оној што го видовме кај претходникот Leitz Phone 2, додека големата задна камера испорачува неверојатен едноинчен сензор од 47,2 MP, опремен со осмофазни можности за автофокус.
Leica ја нагласува способноста на сензорот за брзо и прецизно фокусирање, обезбедувајќи квалитетни фотографии дури и при услови на слаба осветленост, додека главната камера воедно има отвор на бленда од f/1,9 и фокусна должина од 19 mm.
Од задната страна, корисниците ги чека камера од 12,6 MP со широк агол од 78 степени, со отвор на бленда од f/2,3. Овој уред нема систем со тројна камера како моментно популарните телефони, но компанијата чија тесна специјалност се камерите сè уште се држи до пристапот со една камера на задната страна.
Кога станува збор за подобрувања на софтверот, Leitz Phone 3 ги воведува новите функции Leica Style and Tones. Особено, еден од стиловите ги имитира ефектите на блендата на различни класични Leica камери, вклучувајќи ги Noctilux-M 50mm f/1.2 и Sumilux-M 28mm f/1.4. Дополнително, Leica Perspective Control, претходно ексклузивна за камерите на Leica, ги коригира изобличувањата на вертикалните линии вообичаени во архитектонската фотографија, сега за првпат на паметните телефони.
Leitz Phone 3 има редизајнирано куќиште со висококвалитетна полиакрилна текстура на задната страна, што дава слично чувство на камерите на Leica. Со тежина од само 209 грама, овој телефон е лесно пренослив, а вреди да се спомене и магнетниот систем за брзо прицврстување на капакот на објективот, кој обезбедува практичност при секојдневна употреба.
Кога станува збор за другите спецификации, смартфонот се одликува со 6,6-инчен Pro IGZO OLED дисплеј со брзина на освежување од 240 Hz и резолуција од 2730×1260, како и максимална осветленост од 2.000 нита. Leitz Phone 3 има Snapdragon 8 Gen 2 чип во неговата внатрешност и ќе биде достапен во конфигурација со 12 GB RAM и 512 GB простор за складирање, каде флеш меморијата може да се прошири до TB со microSDXF UHS-1 мемориски картички, а батеријата има капацитет од 5.000 mAh.