Иако за тоа речиси и да не размислуваме, секое наше користење на интернет произведува CO2. И притоа не мислиме на нашето дишење. Не, за интернетот да функционира, потребна е мрежа од кабли, сервери, податочни центри, компјутери и други уреди кои користат електрична енергија.
Токму таа потрошувачка на електрична енергија, произведува и CO2. Според некои податоци, интернетот е четвртиот најголем загадувач на светот. Ако интернетот е држава, би емитувал CO2 како некои од најголемите светски економии, како што се Германија или Велика Британија.
Доволно е да се истакне дека еден мејл тежок 1 mb, во текот на својот пат од праќачот до примателот, емитува околу 20 грама CO2. Само 20-тина пораки дневно по корисник, во текот на една година, „собира“ емисија на CO2 како автомобил кој минува 1.000 километри.
Ако на тоа го додадеме податокот дека пребарувањето на една веб-адреса резултира со емисија од 0,8 грама CO2, а вкупната вредност расте на 10 грама по интернет пребарувањето кое произведува пет резултати. Значи, корисникот што просечно прави 2,6 веб пребарувања дневно, може да се каже дека емитува 9,9 килограми CO2 годишно.
На просечниот корисник на интернет, додека сурфа, годишно му се потребни околу 365 kWh електрична енергија и 2.900 литри вода, што одговара на емисија на CO2 кога автомобилот минува 1.400 километри.