Apple испрати предупредувачка порака до корисниците во 92 земји, што укажува дека тие би можеле да бидат цел на напад на шпионски софтвер.
Компанијата соопшти дека испратила известувања до индивидуални клиенти во 92 држави во средата. Известувањето не дава информации за идентитетот на напаѓачите, ниту во кои земји корисниците ги добивале известувањата.„Компанијата откри дека сте потенцијална цел на напад на шпионски софтвер, кој се обидува од далечина да го компромитира iPhone поврзан со вашиот Apple ID -xxx-, стои во пораката што Apple ја испрати до корисниците.
Apple испраќа вакви пораки и известувања до корисниците повеќе пати во текот на годината и ги предупредува корисниците за овие закани во повеќе од 150 земји од 2021 година, според страницата за поддршка на компанијата.
Компанијата вели дека се потпира исклучиво на внатрешни информации и истражување за закани кога станува збор за овие напади.