Се испостави дека Земјата не била единствената планета од која се видело затемнувањето на Сонцето. Со оглед на тоа дека Perseverance снимил како сличен настан се видел на Марс, можеме да уживаме во тоа.
Постариот Curiosity го инспирирал новиот, уште помоќен ровер Perseverance. На пат кон Марс тргнал во јулу 2020-та година, за на неговата површина да се спушти на 18 февруари 2021. Многумина биле загрижени, бидејќи слетувањето се опишувало како „ужас од седум минути“. Роверот со големина на просечен автомобил сепак слетал на планетата, во областа на кратерот Езеро, каде многу објекти носат имиња по топоними од нашите простори. Со помош на дупчалка, која е сместена на врвот на роботската рака, роверот би требало да ископа околу 40 примероци и да ги спакува во специјално дизајнирани туби. Се очекува материјалите на Земјата да пристигнат на почетокот на 2031 година.
Earth isn’t the only planet in our solar system that experiences solar eclipses – Mars does, too!
While Martian moons aren’t the right size or distance to fully cover the Sun, @NASAPersevere recently spotted some cool transits. ⬇️ pic.twitter.com/TeB0HUnQYG
— NASA Mars (@NASAMars) April 4, 2024
Покрај бушењето и собирањето на примероци, роверот се занимава и со други активности. Така снимил како изгледа затемнувањето на Сонцето набљудувано од Црвената планета, кога природните сателити на оваа планета го покриле Сонцето на почетокот на 2024 година. Деимос и Фобос на кратко ја затемниле светлината од нашата ѕвезда, а видеата и фотографиите пристигнале до Земјата. Овие два сателити не можат во целост да го покријат Сонцето, но фотографиите се сепак интересни.
Earth isn’t the only planet in our solar system that experiences solar eclipses – Mars does, too!
While Martian moons aren’t the right size or distance to fully cover the Sun, @NASAPersevere recently spotted some cool transits. ⬇️ pic.twitter.com/TeB0HUnQYG
— NASA Mars (@NASAMars) April 4, 2024
Perseverance снимил уште еден интересен настан – моментот кога Меркур ја фрлил својата сенка на Сонцето. Иако ниеден од овие настани не може да се мери со целосното затемнување на Сонцето кое се гледа од Земјата, интересно е дека денес луѓето можат да видат како некои космички настани изгледаат на други планети.
PC Press