Четботовите со вештачка интелигенција полека се инфилтрираат во секоја апликација што ја користиме, а најновата во серијата е WhatsApp.
Компанијата Meta го тестира четботот Meta AI за WhatsApp, а овој тест моментно се одвива во најновата верзија на апликацијата за оперативните системи iOS и Android. Тестот е достапен само за оние кои го имаат поставено англиски како нативен јазик на споменатата апликација.
Исто така, се работи за ограничен тест, што значи дека не можат баш сите да го видат Meta AI четботот во WhatsApp, иако ги исполнуваат условите. Досега заживеа во избрани земји вклучувајќи ја Индија и само во случај на ограничен број корисници, но тоа наскоро ќе се промени.
Meta AI за некои е интегриран во лентата за пребарување, додека за други корнсииц има нова Meta AI икона во горниот десен агол, веднаш до копчето за камера и копчето за нов разговор.
Meta AI работи како и секој друг четбот и овозможува различни прашања. Со допирање на лентата за пребарување со овозможен Meta AI четбот, корисникот ќе добие неколку случајно генерирани предлози за тоа што да праша, но можно е да постави кое било друго прашање по желба.
Ќе биде интересно да се види дали WhatsApp може да оди чекор подалеку и да интегрира четбот во разговорите со оглед на тоа што постои end-to-end енкрипција. Засега не отиде толку далеку, па имплементацијата е ограничена на лентата за пребарување.