iPhone 16 Plus наводно ќе биде достапен во седум нијанси на бои, кои вклучуваат две нови, бела и виолетова, за разлика од iPhone 15 Plus кој има „само“ пет
Со додавање на бела и виолетова боја, љубителите на iPhone 16 серијата телефони оваа година имаат поголеми шанси полесно да ја изберат бојата што им се допаѓа во споредба со минатата година кога станува збор за Plus моделот. Минатогодишниот iPhone 15 Plus излезе во пет бои, а сега со моделот iPhone 16 Plus, корисниците наводно ќе имаат можност да изберат една од седумте нијанси на бои.
iPhone 16 Plus би требало ќе биде достапен во розова, жолта, сина, зелена, црна, бела и виолетова боја, а оваа информација се појави на популарната кинеска платформа Weibo. За споредба, iPhone 15 Plus е достапен во розова, жолта, сина, зелена и црна боја. На тој начин, оваа година новите опции на бои би биле бела и виолетова – иако е можно плановите да бидат променети, под услов овие информации да се воопшто точни.
Гласините се однесуваат само на iPhone 16 Plus, што е малку невообичаено бидејќи стандардниот модел обично е достапен во истите бои како и моделот Plus. Така беше и во случајот на iPhone 15, па можеби можеме да претпоставиме дека и iPhone 16 ќе биде достапен во истите седум нијанси. Сепак, постои мала шанса iPhone 16 и iPhone 16 Plus да се продаваат во различни бои.
Изворот Fixed focus digital што ги пренесува овие информации нема големо искуство, а седум бои се повеќе од она што вообичаено го нуди Apple. Поради тоа, сето ова треба да го земеме со резерва. Од друга страна, некои гласини укажуваат дека iPhone 16 Pro ќе биде достапен само во четири „прилично здодевни“ бои, пишува TechRadar.
Со оглед на тоа дека iPhone 16 линијата не ја очекуваме пред септември, се уште има време за попрецизни информации.