Компанијата OpenAI официјално ја претстави подобрената верзија на својот LLM (Large Language Model) GPT-4 Turbo.
OpenAI објави дека нивниот најнов модел со вештачка интелигенција, GPT-4 Turbo сега е достапен за корисниците на платените верзии на ChatGPT. Ажурирањето, кое првпат беше објавено во ноември минатата година, претходно беше достапно само за програмерите, но сега ќе можат да го користат и платените корисници.
GPT-4 Turbo има подобрувања во пишувањето, математиката, расудувањето и програмирањето. OpenAI посочува дека корисниците ќе доживеат „подиректни и помалку опширни“ одговори, како и „поприроден јазик за разговор“. Овие карактеристики го прават новиот модел значително поефикасен од неговите претходници.
На пример, како одговор на барањето за потсетник за роденденска вечера, претходниот модел формулираше подолг и покомплексен текст, додека одговорот генериран од GPT-4 Turbo беше концизен и прецизен.
Our new GPT-4 Turbo is now available to paid ChatGPT users. We’ve improved capabilities in writing, math, logical reasoning, and coding.
Source: https://t.co/fjoXDCOnPr pic.twitter.com/I4fg4aDq1T— OpenAI (@OpenAI) April 12, 2024
Табела што ја прикажува прогресијата на клучните перформанси од претходната верзија на GPT-4 Turbo до сегашниот модел, особено нагласувајќи ги подобрувањата во математиката и GPQA. Овој тест, кој се користи за оценување на знаењата од биологијата, физиката и хемијата, покажува значително подобрување во можностите на новиот модел.
Дополнително на овие технички подобрувања, ChatGPT сега има понов датум за исклучување на знаењето за интернет, од претходниот април 2023-та година до декември 2023-та година. Ова ќе овозможи генерирање на поактуелни одговори кои се во согласност со најновите случувања и податоци.
Иако OpenAI наведува дека GPT-4 Turbo е достапен во ChatGPT, се чини дека објавувањето на новата верзија е постепено, што покажува дека корисниците ќе мора да почекаат малку додека не стане широко достапна.