Ако некој се сомневаше дека Samsung Galaxy Watch 7 воопшто ќе излезе наскоро, треба да знае дека најновите информации укажуваат на тоа дека ќе се појави на пазарот во јули
Следниот најнов уред за носење на Samsung, паметниот часовник Galaxy Watch 7 неодамна се појави во Bluetooth SIG базата на податоци, со код на производот SM-L305U, што претставува чекор што секој нов уред со овозможен Bluetooth мора да го преземе пред неговото официјално објавување.
Според инсајдерски проценки, оваа шифра се однесува на американската верзија на Galaxy Watch 7, со дијаметар од 40 милиметри и поддршка за LTE технологија за пренос на податоци. Иако овие детали не откриваат премногу за самиот часовник, освен дека ќе има поддршка за Bluetooth 5.3 LE (како Galaxy Watch 6), тие укажуваат дека претстои лансирање на нова серија паметни часовници од Samsung, тврди TechRadar.
Дополнително, упатените навдуваат дека Samsung ќе одржи уште еден Unpacked настан во јули кога ќе ги претстави Galaxy Z Fold6, Galaxy Z Flip6 и сосема новиот паметен прстен Samsung Galaxy Ring, и сето тоа заедно со Galaxy Watch 7 серија. Исто така, оваа година би можеле да видиме три модели од серијата: Galaxy Watch 7, Galaxy Watch 7 Classic и можеби уште една поевтина верзија на часовникот.
Упатените очекуваат значајна надградба на чипсетот годинава, како и нов-стар квадратен дизајн на часовникот, кој потсетува на Apple Watch. Гласините укажуваат и на додавање на функција која открива апнеја при спиење, односно медицинско нарушување на дишењето кое трае од неколку секунди до една минута за време на спиењето.
Уште една протечена информација укажува на подобрување на траењето на батеријата, што е секогаш добредојдено кај носечките уреди, па ќе има многу причини за купување на овие паметни часовници.