Vivo X100 Pro е смартфон со одлични камери, една од најдобрите кои се појавија во последните месеци, но тоа очигледно не е доволно за кинеската компанија.
Потпретседателот за производи на Vivo, Хуанг Тао откри дека е во развој нов паметен телефон кој всушност ќе биде „професионална камера што може да остварува повици“. Овој уред веројатно ќе биде наречен X100 Ultra, а за него се разговара на социјалната мрежа Weibo под кодното име Thanos. Токму оваа мрежа ја искористи гореспоменатиот Тао за да им се заблагодари на корисниците за големиот интерес за претстојниот смартфон и да објави дека X100 Ultra ќе пристигне многу наскоро, што наводно е веќе следниот месец.
Идејата беше да се направи „професионална камера“ (фотоапарат) со смартфон поврзан на неа. Vivo веќе ја докажа својата експертиза во создавањето мобилни телефони со фантастични камери, па очигледно на пазарот доаѓа нов врв на технологијата на оваа компанија.
Според постоечките извештаи, X100 Ultra ќе има Quad HD+ E7 AMOLED дисплеј со стапка на освежување од 120 Hz, ќе се напојува од процесорот Snapdragon 8 Gen 3 на Qualcomm, а на задната страна ќе има главна камера од 50 MP со Lytia LYT-900 сензор на Sony, како и ултраширока, телефото и дополнителна телефото перископ камера од 200 MP со еквивалентна фокусна должина од 100 mm за 4,3x зум и 200x дигитален зум.
Смартфонот може да поддржува и сателитско поврзување.