Опцијата за прикажување виџети на површината на заклучениот екран повторно се враќа со објавувањето на Android 15 верзијата на оперативниот систем но сепак има едно големо „но“.
Apple првпат ја лансираше функцијата за приказ на виџети на заклучениот екран со iOS 16 верзијата на оперативниот систем за iPhone, што меѓу другото се смета за една од врвните карактеристики на оваа верзија на iOS. Системот Андроид ја имаше и ја користеше оваа функција долго време во минатото, но Google одлучи да ја прекине со верзијата Android 5.0 Lollipop уште во 2014 година. Речиси десет години подоцна, Google конечно е подготвен да ја врати со објавување на Android 15.
Многу корисници на Android долго време чекаа надевајќи се дека функцијата за виџети за заклучениот екран конечно ќе се врати во Android. Уште во јануари оваа година, познатиот Andrpoid девелопер, Мишал Рахман откри дека Google тестира нова функција на графичка контрола во режим на заклучен екран. Откако Google ја објави првата јавна бета верзија на оперативниот систем Android 15, потврдено е дека оваа функција повторно ќе се појави во најновата верзија на Android.
За жал, оваа вест има и негативна страна. Кога беше објавена бета верзијата на Android 15, конкретно беше истакнато дека оваа функција е специјално дизајнирана за големи екрани и ќе биде активна само на таблет уредите со Android. На пример, Google Calendar, Gmail, итн. можат да се додадат на заклучениот екран на таблет уредите со Android. Тоа ќе биде случај и со татусот на батеријата, како и кај другите уреди.
Сепак, корисниците на Android не треба премногу да очајуваат, бидејќи сигурно може да очекуваат Google во иднуна да ја прошири употребата на оваа опција и на смартфоните со Android во иднина, пренесува 9to5Google.