Компанијата Black Shark го објави својот најнов производ, а се работи за паметен прстен наречен Black Shark Ring.
Познато е дека Black Shark е гејминг филијала на Xiaomi, а сега е во завршна фаза на развој на паметен уред за носење, кој го најави со објавување неколку рендери на својот профил на кинеската социјална мрежа Weibo.
Black Shark Ring е претставен во сребрена, црна и црвена боја, а неговата дебелина изнесува 2,2 мм. Тенка црна линија поминува низ централниот дел на прстенот и се проширува во еден дел. Black Shark вели дека прстенот има Smart Touch технологија, што може да ја објасни црната линија од надворешната страна.
Прстенот ќе има можност за следење на здравствените параметри, односно отчукувањата на срцето, заситеноста на крвта со кислород, па дури и температурата на телото.
Колку долго ќе трае батеријата на прстенот не е објавено, но има информации дека неговото куќиште обезбедува работа до 180 дена.
Кога започнува продажбата и колку ќе чини Black Shark Ring засега не е познато.