Компанијата Motorola денеска ја објави својата нова Edge 50 серија смартфони, која се состои од три члена: Edge 50 Fusion, Edge 50 Pro и Edge 50 Ultra
Motorola ја претстави Edge 50 серијата на европскиот пазар, а ѕвезда на презентацијата беше флегшип моделот Edge 50 Ultra. Уредот се базира на Snapdragon 8s Gen 3 чипсет, кој е комбиниран со 12GB или 16GB RAM и 512GB или 1TB UFS 4.0 простор за складирање.
Смартфонот е опремен со P-OLED дисплеј со дијагонала од 6,7 инчи со резолуција од 2712 x 1220 пиксели, врвна осветленост од 2500 нита, Gorilla Glass Victus заштита и брзина на освежување до 144 Hz. Уредот има батерија од 4500 mAh и поддржува брзо жично полнење до 125W и безжично полнење на 50W.
Motorola Edge 50 Ultra нуди интересна основна камера, која вклучува главен сензор од 50 MP со размер 1/1,3″, отвор на бленда f/1.6 и OIS. Има и сензор од 64 MP (f/2.4) со 3x телефото објектив и OIS и сензор од 50 MP (f/2.0) со ултраширок објектив и автоматски фокус за макро снимки. За селфи фотографии, има 50MR (f/1.9) камера со автофокус.
Напредниот систем на камери на Edge 50 Ultra ја користи моќта на Moto AI за да обезбеди фантастични подобрувања во перформансите и на фотографиите и на видеата. Новиот Photo Enhancement Engine го олеснува креирањето совршени фотографии со секоја снимка. Не ви треба лична експертиза, бидејќи користи вештачка интелигенција за истовремено да примени прилагодувања од повеќе режими на фотографирање во еден за да испорача врвен квалитет. Енџинот користи вештачка интелигенција за дотерување на сликата за оптимални детали, јасност, нагласувања, сенки, бои и бока ефекти.
Телефонот има алуминиумска рамка и поседува IP68 сертификат за водоотпорност. Во однос на боите, претставени се варијантите Forest Grey и Peach Fuzz (боја на годината на Pantone), кои се однесуваат на верзијата со заден дел од вештачка кожа, но има и Nordic Wood верзија со заден дел од вистинско дрво.
Уредот вклучува и стерео звучници со Dolby Atmos, Wi-Fi 7 (802.11be), Bluetooth 5.4, па дури и Ultra Wide Band (UWB) за одредени насоки и растојание до други уреди со UWB чип. Уредот е водоотпорен и поседува USB-C приклучок со поддршка за USB 3.2 и DisplayPort 1.4.
Motorola Edge 50 Ultra следната недела ќе се најде во продажба во Европа по цена од 1000 евра за основната конфигурација.