Новите уреди, кои ја следат филозофијата на неопходното, иновативното и хармоничното, се издвојуваат по својата функционалност, естетика и високиот приоритет на заштеда на електрична енергија.
Компанијата Samsung Electronics денеска за прв пат на нашиот пазар претстави нови уреди од категоријата бела техника кои се веќе достапни за купување, но и дискретно најави нови ТВ приемници и паметни звучници, кои на пазарот ги очекуваме кон средината на мај. Ова беше можност компанијата, која е пионер во технолошките достигнувања, да потсети за практичната примена на вештачката интелигенција, која не е само тема за која се зборува последните години, туку реалност која наоѓа сè поголема примена во секојдневниот живот.
Што има ново во паметниот дом на Samsung?
Фрижидерите во 2024 година: Повеќе простор, подолготрајна свежина, паметно складирање храна
Фрижидерот со долен замрзнувач со режим SmartThings AI energy и сеопфатно ладење RB6000 Wide BMF носи иновативен дизајн и многу повеќе простор за складирање храна. Режимот AI Energy Mode во апликацијата SmartThings заштедува до 15% енергија, а покрај тоа што ја одржува храната посвежа подолго време, обезбедува и заштеда на сметката за електрична енергија. Благодарение на паметните функции, тој е ефикасен и при одмрзнување, бидејќи ја регулира температурата врз основа на претходните шеми на употреба и условите во околината. Изработен е од најнови материјали, но и покрај тенките ѕидови, тој има совршена изолација со помош на технологијата SpaceMax™.
Фрижидерот RF9000T “French Door” се издвојува како идеално решение за големи семејства кои бараат ефикасно ладење на големи количини храна. Овој фасцинантен уред содржи и Beverage Center™ за подготовка на пијалаци, со чија помош е можно да се подготват освежителни пијалаци или вода со вкус. Со функциите SmartThings Energy храната останува свежа долго време и на тој начин се зачувува нејзиниот природен вкус и мирис. Со помош на тројното ладење, ладен воздух се испорачува до три прегради во фрижидерот и замрзнувачот. Фрижидерот одржува оптималната температура и влажност во секоја од преградите и осигурува храната да не привлече други мириси.
Машини за перење со вештачка интелигенција
Вештачката интелигенција најде своја примена во една од најомразените домашни работи – перењето алишта. Најновите машини за перење кои доаѓаат од лабораториите на Samsung ќе перат повеќе алишта додека заштедуваат електрична енергија до А-40%. Технологијата за вештачка интелигенција овде ќе придонесе за подобрување на перформансите на перење за пократко време, притоа заштедувајќи вода и енергија.
Моделите како WM8400 и WM7400 ги олеснуваат дури и најсложените домашни работи, со капацитет за перење до 11 килограми алишта. Единственото нешто што вештачката интелигенција не може да ви го реши е – како да ги испеглате сите испрани алишта?
Со технологијата Ecobubble, овие машини за перење темелно ќе ги исперат алиштата во ладна вода, додека вештачката интелигенција ќе пресмета колку прашок е доволно, земајќи ја предвид валканоста на облеката.
Со помош на вештачката интелигенција, перењето е лесно и ефикасно, бидејќи вашата машина ги „памти“ вашите навики, предлага соодветна програма за перење и навреме ги прикажува потребните информации. Апликацијата SmartThings, исто така, дава совети за програмирање, креира планови и решава проблеми. SpaceMax™ обезбедува повеќе простор во машината за да можете да перете повеќе алишта, вклучувајќи големи ќебиња и постелнина.
Одбројување до почетокот на продажбата на нови ТВ приемници и ѕoundbar-звучници
Според досегашното искуство, компанијата Samsung го резервира крајот на април за презентација на нови ТВ приемници и ѕoundbar-звучници. И во оваа категорија, покрај исклучителниот квалитет на сликата и звукот, се очекува голем фокус на вештачката интелигенција од една страна, но и на безбедноста од друга страна, за што компанијата Samsung веќе доби Сертификат за општи критериуми (CC).