Користејќи нови модели, научниците нашле подобро објаснување за составот и големината на планетата Уран
Научниците дошле до шокантно откритие длабоко внатре во планетата Уран, откривајќи дека сината планета во Сончевиот систем е многу погасовита од тоа што досега се верувало.
Додека претходните истражувања укажувале на состав првенствено од хелиум и водород со примеси на метан, неодамнешното истражување покажало дека Уран содржи значајна количина на метан во единствен облик.
Според научниците со Израелскиот институт за технологија и калифорнискиот Универзитет Санта Круз, метанот во Уран не е во својот вообичаена гасна состојба, туку е замрзнат и е сконцентриран во јадрото на планетата. Спротивно од претходните претпоставки дека Уран бил составен исклучиво од мраз, приближно 10 проценти од неговиот состав содржи метан.
Истражувањето, кое допрва треба да биде подложено на научни рецензии, ја доведува во прашање класификацијата на Уран „леден џин“ и сугерира дека изобилството од метан би можело да игра клучна улога во формирањето на таа планета. И покрај неговото значење, многу работи на Уран остануваат мистерија поради неговата оддалеченост од Земјата, која варира меѓу 3,2 до 4,64 милијарди километри, со оглед на движењето на планетите во Сончевиот систем.
Со оглед на тоа дека „Voyager 2“ го посетил дури во 1980-та, научниците претходно верувале дека Уран е целосно замрзнат. За да добијат подлабок увид, научниците сега развиле бројни модели од внатрешноста на Уран, откривајќи тие со поголемо ниво на метан, хелиум и водород поточно претставуваат масата и радиусот на планетата.
Во иднина планираат да разоткријат зошто Уран го задржува ледениот состав и покрај значајните резерви на гас. Тие откритија не само што ќе го подобрат нашето разбирање за Уран, туку исто така нудат и увид во соседните џинови како Нептун.