Навигацијата во апликацијата Google Maps сега ќе има опција да се гледаат зградите во 3D додека се движите по избраната рута, за искуството да биде што поблиску до реалниот свет.
Новото бета ажурирање на апликацијата Google Maps додава 3D згради во навигацијата со цел оваа функција да биде што е можно пореална за своите корисници додека се движат. За да пристапите до новите функции, треба да ја преземете бета верзијата на апликацијата и да ја овозможите опцијата Show 3D buildings („Прикажи 3D згради“) во поставките кога навигацијата е вклучена.
Иако има многу различни апликации за навигација, Google Maps стана една од најпопуларните алатки благодарение на големиот сет податоци и солидните алатки за навигација, а корисниците сега ќе имаат можност да ги popolnuvaat мапите со 3D згради додека се движат. Иако ова може на некои да не им изгледа како голема работа, малите промени како оваа може да имаат огромно влијание врз некој што мора да користи навигација секојдневно, и со самото тоа да си го олесни движењето.
Посебно кога станува збор за возачите, можноста за визуелен преглед во 3D формат може да им помогне да бидат посвесни за околината. Иако порано имаше гласини за оваа функција, таа сега е достапна во бета верзија за некои корисници. Тоа го забележа порталот AndroidPolice, кој посочува дека дури и да не сте дел од бета програмата, можете да ја пробате оваа опција.
Верзијата на апликацијата со 3D згради можете да ја преземете преку veb-страницата APKMirror, а кога ќе ја инсталирате, ќе ja видите опцијаta во менито Settings под опцијата Map Display. Неколку редови подолу треба да се најде и споменатата опцијата Show 3D buildings, до која треба да се најде и слајдер, што треба да го вклучите за да ја активирате функцијата.